Регистрација во eTwinning
За да се вклучите во еТвининг, одете на порталот www.etwinning.net и кликнете на жолтото копче REGISTER.

Ќе бидете прашани да ја внесете Вашата адреса за електронска пошта (емаил)и да избере корисничко име и лозинка. По кликнувањето на SUBMIT, ќе добиете електронска порака на вашата наведена емаил адреса со барање да кликнете на посебен линк со цел регистрацијата да биде комплетирана. Потоа, ќе треба да внесете информација за Вас самите, Вашето училиште и Вашите еТвининг склоности/желби. Информацијата што ќе ја внесете ќе биде зачувана во базата на податоци за еТвининг партнери.
Информацијата е делумно достапнана еТвининг јавниот портал, и во повеќе детали во секцијата ДЕСКТОП од порталот на Вашата Профил страница.
Откако еднаш целосно ќе се регистрирате, ќе добиете известување во втор емаил, и со тоа имате целосен пристап до еТвининг Дескпот и неговите алатки. Повеќе детали имате подолу.
Чекор 1: Пред-регистрација

Процесот на регистрирање се состои од два чекори. Првиот чекор е пред-регистрација. Ова осигурува дека регистрираните членови се „реални луѓе“ со валидна адреса на електронска пошта (емаил).
По поднесувањето на пред-регистра¬ци¬јата, ќе добиете емаил во кој сте поканети да се поврзете на Веб адресата наведена во емаил пораката за да се комплетира регистрацијата (забележете дека ова може да трае и до два часа за да се добие емаил пораката, па затоа бидете трпеливи).
ПОМОШ: Ако при пред-регистрацијата не добивте никаква емаил порака, тогаш проверете го својот Junk Folder. Ако и во тој случај не е таму, тогаш контактирајте го Вашиот Национале Сервис за Поддршка (НСП) и посочете ја емаил адресата што ја користевте при пред-регистрацијата. Тогаш тие може да Ви пратат соодветен линк на кој што ќе можете да ја комплетирате регистрацијата.
Чекор 2: Валидација/Проверка
Вториот чекор е наречен валидација или проверка. Откако ќе ја примите емаил пораката за потврда на пред-регистрацијата, кликнете на Веб адресата наведена во пораката. Овде се бара од вас да наведете повеќе детали за Вас, Вашето училиште и твининг склоностите:
1. Вашето училиште
Прво, со цел да се избегне регистрација на веќе постоечко училиште во системот, ќе биде побарано од Вас да проверите дали Вашето училиште е веќе во еТвининг базата. Изберете ја земјата и регионот. Ќе видите листа на градови. Изберете го Вашиот град и проверете дали е прикажано Вашето училиште. Ако е така, тогаш кликнете на ”this is my school“ и ќе одите директно на вториот таб. Во случај Вашето училиште да не е во листата, тогаш кликнете на копчето ”register a new school“.

Ако имате изберено да регистрирате ново училиште, тогаш потребно е да обезбедите неколку детали за истото. Следете ги инструкциите на екранот. Забележете дека:
- Важно е да го напишете официјалното име на училиштето;
- Напишете го името на градот на наједноставен начин;
- Податоците за директорот на Вашето училиште се важни исто така бидејќи му овозможува на НСП, ако им затреба, да го контактираат директно него/неа.
Кликнете на SUBMIT. Ако неможете да продолжите, најверојатно сте испуштиле едно од задолжителните полиња (означени со ѕвездичка).
2. За Вас
Овде треба да ја изберете Вашата улога во училиштето што го избравте или регистриравте.
Ако сте наставник, изберете ги предметите што моментално ги предавате. Инаку, изберете ”I am not teaching“. Оваа информација можете да ја промените подоцна во следните фази ако тоа е потребно. Забележете: оваа информација се користи за само статистички цели (и не за наоѓање на партнери, на пример).
3. Твининг избор

Информацијата што ја обезбедувате во овој дел од регистрацијата е значајна за да се им овозможи на вашите колеги да Ве најдат. Ако веќе знаете дека при изработка на проект ќе користите КИТ, тогаш изберете еден.
Опишете ја Вашата идеја за проект на јазик што другите можат да го разберат (на пример, Англиски, Француски или Германски), бидејќи информацијата што ќе ја внесете се појавува во оригинален облик, онака како што е внесена (т.е. не е преведена). Изберете го предметот и јазикот за комуникација со партнерите што сакате да ги користите во проектот. Не внесувајте повеќе од три јазици.
Изберете ја исто така и возраста на учениците што сакате да ги вклучите во проектот.Целата оваа информација подоцна се користи за наоѓање на партнери и може да биде променето во било кое време од страницата MY PROFILE во Desktop.
4. Проверка и испраќање

Откако ќе го пополните и третиот таб (Twinning preferences), системот Ви ја прикажува целата информација што внесовте во трите таба до тој момент. Во случај да сакате нешто да промените кликнете на копчето ”CHANGE“ . Откако ќе се осигурате дека се е во ред со информацијата, кликнете на”SUBMIT‘ во PREVIEW страницата.
Ако на страницата со потврден одговор добиете потврда за Вашата регистрација, точа Ви и официјално сте дел од еТвининг. Понатаму, информацијата можете да ја ажурирате во опцијата
MY PROFILE во секцијата Desktop од еTwinning.net порталот. Емаил порака со Вашите корисничко име и лозинка ќе Ви биде пратен на Вашата емаил адреса.
Повеќе детали и помош за користење на etwinning.net сервисот можете да најдете на страната за упатства и брошури.



