5 мај 2010 година е денот кога ќе биде одбележан јубилејот Пет години еТвининг. Петтиот роденден на еТвининг ќе биде одбележан со пригодни манифестации на европско ниво
Запознавањето со Програмата за доживотно учење претставуваше големо задоволство за сите вработени во ОУ Христијан Тодоровски Карпош од Скопје. Иницијалната презентација на Програмата за доживотно учење побуди силен интерес кај наставниците за континуирана соработка со европските училишта.
Основното училиште Страшо Пинџур од Неготино од мај 2009 работи на проекти на порталот etwinning.net. Вклучено е во над 20 проекти и има остварено контакти со многу европски училишта...
Од 05 до 07 февруари 2010 година во Севиља, Кралството Шпанија, се одржa Годишната еТвининг Конференција со учество на преку 600 гости - наставници од цела Европа,...
Во текот на Декември 2009 година во издание на Јуропеан Скулнет (European Schoolnet), Централниот сервис за поддршка на акцијата еТвининг, од печат излезе новата книга за еТвининг акцијата, еТвининг 2.0: Градење на заедница на училиштата.
Учењето заедно со друго училиште и други ученици од друга земја е возбудливо само по себе бидејќи се е ново и различно. Со еТвининг, учениците се ставени во реална работна ситуација; со конкретна цел, конкретен предмет, конкретни задачи и „надворешни“ партнери. ОУ“11 Октомври“-Скопје е вклучено во eTwinning проектите од август 2009 година, при што се регистрирани 7 наставници и педагошко-психолошката служба со тенденција на зголемување на бројот на наставници.
Од 04 до 06 ноември 2009 година во Инсбрук, Австрија, се одржа регинална еТвининг работилница со учество на претставници од Австрија, Македонија, Ирска, Унгарија и Норвешка. Покрај Националниот сервис за подршка, Македонија ја претставуваа и двајца учесници од СУГС Боро Петрушевски Скопје и СОУ Таки Даскало Битола. Настанот содржински беше поделен во три дела: воспоставување на контакти со странските училишта, подготовка на проекти и обука за користење на еТвининг порталот (http://www.etwinning.net).