еТвининг во ОУ Христијан Тодоровски Карпош од Скопје

Запознавањето со Програмата за доживотно учење претставуваше големо задоволство за сите вработени во ОУ Христијан Тодоровски Карпош од Скопје. Иницијалната презентација на Програмата за доживотно учење побуди силен интерес кај наставниците за континуирана соработка со европските училишта. По прегледот на информациите на порталите на Националната агенција, и соработката со вработените во агенцијата, нашето училиште беше подготвено за првите чекори во Програмата.

За време на семинарот што се одржа на 11 ноември 2009 во СУГС Орце Николов, организиран од страна на Националната агенција, неколку наставници се регистрираа во акцијата еТвининг. еТвининг порталот www.etwinning.net ни отвори можности за наоѓање подобни партнери од Европа, за соработка не само во рамките на еТвининг акцијата туку и во подпрограмата Комениус. Семинарот беше можност да се запознаеме со наставници од Република Словенија и да слушнеме за нивното искуство во соработката со училишта од Франција и за улогата на еТвининг во усовршувањето на воспитно образовниот процес.Размената на искуства со словенечките наставници ни овозможи добро да се подготвиме за воспоставување на контакти и иницирање на соработка со училишта од Романија, Италија, Турција, Бугарија и Полска со кои што во меѓувреме остваривме комуникација за изработка на заеднички еТвининг проект на тема “Запознавање на културата и традицијата”.

Учеството во  програмата  Комениус е истовремено значајно за нашето училиште и воопшто за нашата земја чиј образовен систем е во постојана трансформација и унапредување. Потребата за воведување на нови знаења и иновации, наметнува продолжување  со работата во проектите и преку тоа подобрување на методите на настава. Во периодот на месец март (13-17.03.2010 година) беше спроведена акција - Подготвителна посета - во ОУ “Константин Бранкузи” од Клуж Напока, Романија. Целта на посетата беше размена на искуствата и презентацијата на сегашниот образовен систем во обете земји. Работната посета се одвиваше во креирање на нацрт план за идниот заеднички проект.

 

Благодарение на соработката со Националната агенција се надеваме на успешна соработка и спроведување на започнатото.

 

Директор - Олгица Бајаџиева

Наставник-координатор Илчо Симовски

Назад

Пронјадете информации на 22 Европски јазици на Европскиот портал:

www.etwinning.net

Што е ознаката за квалитет?
Како да се добие?

www.etwinning.net

Што е ознаката за квалитет?
Како да се добие?

www.etwinning.net