Новости » Новости

Презентација на еТвининг и Комениус во ОУ Кирил и Методиј Скопје

16.12.2011 15:48 автор Уредник на еТвининг (0 коментари)

Слика од настанот

На 14 декември, од 13.30 до 15.30 часот, во ОУ Кирил и Методиј Скопје се одржа презентација на акцијата еТвининг и потпрограмата Комениус. На настанот присуствува наставници од неколку основни и средни училишта од Скопје. Вовед во настанот дадоа директорот на ОУ Св. Кирил и Методиј Скопје, г-ѓа Горица Веловска, и Директорот на националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-дин Дарко Димитров.

Потоа Никола Јаулески (координаторот на Комениус) и Дејан Златковски (координаторот на еТвининг) имаа свои презентации за Комениус и еТвининг, респективно, со што ги запознаа присутните со  можностите што ги нудат Комениус и еТвининг за професионалниот развој и обука на наставниците и креирањето на партнерски проекти на македонските училиштата со нивни сродни училишта од Европа.

Фотографии од настанот можете да видите на следниот линк.

 

 

 

Назад