5 години еТвининг
21.04.2010 09:30 автор Уредник на еТвининг (0 коментари)
5 мај 2010 година е денот кога ќе биде одбележан јубилејот Пет години еТвининг. Петтиот роденден на еТвининг ќе биде одбележан со пригодни манифестации на европско ниво. Истовремено, Република Македонија одбележува точно една година од вклучувањето во една од најпродуктивните акции на Програмата за доживотно учење. За неполна година повеќе од 100 училишта се вклучија во еТвининг со преку 210 регистрирани наставници и учество во 150 проекти што е импресивен старт за една од најмладите и најмали членки на Програмата за доживотно учење. Во текот на првата година од учеството во еТвининг, македонскиот Национален сервис за поддршка на еТвининг го пушти во употреба националниот етвининг портал http://etwinning.mk, а со пет претставници – наставници од основни и средни училишта – во текот на ноември и декември 2009 година учествуваше на 2 меѓународни еТвининг семинари. Во 2010, македонскиот НСП планира одржување на серија на еТвининг семинари на национално ниво и учество на неколку меѓународни.
Повеќе информации за прославувањето на јубилејот можете да најдете на следните линкови:
http://www.etwinning.net/en/pub/anniversary/index.htm
http://www.etwinning.net/en/pub/anniversary/national_activities.htm
http://www.etwinning.net/en/pub/news/news/celebrate_etwinning_bday2010.htm .



