Новости » Новости

еТвининг во ОУ Страшо Пинџур Неготино

19.03.2010 10:05 автор Уредник на еТвининг (0 коментари)

 

Со еТвининг до збратимување на училишта

 

            Основното училиште Страшо Пинџур од Неготино од мај 2009  работи на проекти на порталот etwinning. Вклучено е во над 20 проекти и има остварено контакти со многу европски училишта. Моментално работиме на проект во кој изработивме видео во кое децата одговараат на едно прашање: „Што би направил кога би имал магично стапче“. Во рамките на овој проект остваривме одлична соработка со училиштето Yıldırım Belediyesi İlköğretim Okulu од Бурса, Турција.

tl_files/gallery/OUSPNegotino/7.jpg

            На 5 март на прославата по повод Патрониот празник во училиштето дојдоа претставници од ова училиште со цел потпишување Меморандум за соработка. Дојдоа Suat Topal претставник за образование од локалната заедница во Бурса, Arif Savaş директорот на училиштето, Melek Aksakal наставник по музичко образование и Caner Zengin наставник по англиски јазик. Во рамките на прославата Melek Aksakal ја испеа песната Македонско девојче која ја подготвуваше специјално за овој настан.

tl_files/gallery/OUSPNegotino/2.jpg

            Потоа во присуство на градоначалникот на општина Неготино, претставници на општината задолжени за образование, директорката на нашето училиште и на училиштето Yıldırım Belediyesi İlköğretim Okulu го потпишаа Меморандумот за соработка.

            Она што следува е: размена на ученици и наставници, како и што повеќе успешни заеднички etwinning проекти.

 

Назад