Новости » Новости

eTwinning во ОУ “11 Октомври“ Скопје

07.12.2009 21:01 автор Уредник на еТвининг (0 коментари)

eTwinning во ОУ “11 Октомври“

Учењето заедно со друго училиште и други ученици од друга земја е возбудливо само по себе бидејќи се е ново и различно. Со еТвининг, учениците се ставени во реална работна ситуација; со конкретна цел, конкретен предмет, конкретни задачи и „надворешни“ партнери.

ОУ“11 Октомври“-Скопје е вклучено во eTwinning проектите од август 2009 година . при што се регистрирани 7 наставници и педагошко-психолошката служба со тенденција на зголемување на бројот на наставници. eTwinning проектите во ОУ“11 Октомври“, во почетокот се работеа на часовите по информатика и проекти од информатика (кога се вклопуваа во наставната програма), на додатна настава и на информатичка секција, но полека стануваат дел од наставата и по другите предмети. За овие активности посебно се заинтересирани наставниците кои сакаат да воведат самонасочено и истражувачко учење во (делови од) курикулумот.

Со учениците од 1 до 8 одделение се работи на 17 проекти и тоа:
Culinary journal, Bestseller list, European Languages Day Mini Project, Everyday life of teenagers in Europe, Flags project, From waste to art, I live here...and I love it!, Music is always popular!, My holiday-dream or reality, The Illustrated Dictionary of the European Languages, History and culture of Europe, Math is an art, Behind the name, A snapshot of Europe, Autumn around us, Look at me! I’m ready to answer your expectations!

From waste to art
Партнери: Словачка, Турција, Полска, Чешка, Грција
Возраст на учениците: 11-15
Опис: Проект за животната средина - учениците најнапред се запознаваат меѓусебе а потоа учат, дискутираат, собираат информации за отпадоците, ги презентираат новите знаења, разменуваат адреси со веб страници со содржина која е од интерес на овој проект како и пронаоѓаат слики од уметнички дела направени од отпадок. Следен чекор за учениците е создавање  галерија од веќепостоечки уметнички дела од отпадни материјали кои се достапни на интернет со цел да послужат како инспирација за учениците. Во последниот дел (најсложен и највозбудлив) е дизајнирањето и производството на свои уметнички дела изработени од отпаден материјал чии фотографии ќе се најдат во виртуелната галерија.

Цел на проектот: Да се подобрат способностите на учениците да се изразуваат на англиски јазик, да се подигне нивната свесност за културната разновидност во Европа, да се поттикне креативноста и имагинација кај учениците, да се развиваат ИКТ вештините кај учениците, да се зголеми свеста за животната средина.

ИКТ алатки: аудио конференција, подкастинг, електронска пошта, програма за изработка на презентации, програма за цртање, програма за обработка на слики, веб публицирање, програма за обработка на видео материјали.

Педагошка вредност: Учениците имаат слобода да одберат теми и содржини  и да дискутираат за нив. Тие се носители на одлуките при создавањето на содржината на нивните презентации што им овозможува да се протагонисти на сопственото образование. Соработката во донесувањето одлуки, колаборативното учење и е-учење му даваат активен, забавен и мулти сензорен пристап научењето. Учениците практично ги применуваат научените ИКТ алатки за решавање на проблеми и за  претставување на својата работа. Практичната задача како изработката на сопствено уметничко дело  помага во разбирањето и зајакнувањето на учењето. И учениците и наставниците имаат можност да ги подобрат своите знаења од англикиот јазик.

Everyday life of teenagers in Europe

Партнери: Романија, Литванија, Германија, Турција, Словенија, Полска
Возраст на учениците:11-15
Опис: Учениците го презентираат секојдневието на својот пријател-ученик од друга земја. За да го направат тоа, учениците и наставниците, секојдневно комуницираат и споделуваат информации за себе, семејството, локалната средина, образовниот систем, слободното време. Истовремено учениците изготвуваат и сопствени истражувања за земјата на нивниот пријател.

Цел на проектот: Воспоставување контакти со европски училишта, развивање на комуникациските способности на учениците и наставниците како и активно користење на англискиот јазик, зголемување на знаењето за животот на тинејџерите од Европа,  примена на ИКТ алатките, развивање пријателство и разбирање меѓу учениците ширум Европа, воочување на сличностите и почитување на разликите помеѓу нивната земја и другите земји од ЕУ.

ИКТ алатки: Skype, MSN, електронска пошта, програма за изработка на презентации, друг софтвер (видео, слики, цртежи)

Педагошка вредност:Овој проект е пример на добра практика за тоа како да се зголеми мотивацијата кај учениците, особено во поглед на учењето странски јазици. Користењето на ИКТ на учениците и наставниците им овозможува да започнат нови пријателства како и активно да го користат (и подобрат) англискиот јазик при комуникација со врсници од други земји. Учениците имаат шанса да одберат информации за својата и културата на својот “странски“ пријател, да зборуваат за нив, да ги споделат, запишат, споредат и презентираат. Кај учениците се поттикнува чувство на припадност на една поширока заедница (ЕУ), се намалуваат предрасудите, се зголемува взаемното почитување помеѓу учениците и се зголемува  интересот за учење на странски јазици.

Culinary journal

Партнери: Романија, Полска, Бугарија, Турција
Возраст на учениците: 11-14
Опис: Виртуелна прошетка низ земјите на партнерите со крајна цел – креирање кулинарски весник. Учениците комуницираат меѓу себе и се запознаваат (комуницираат на англиски јазик). На почетокот од проектот учениците ја презентираат својата земја, град и училиште и потоа ги разменуваат своите презентации со своите партнери. По запознавањето следува изработка на презентација за: националните јадења, јадењата кои се готват за Нова Година и Божиќ, традиционални слатки, традиционален леб, сендвичи, велигденски јадења. На крајот учениците креираат кулинарски весник и блог со најинтересните продукти, како и речник на проектот.

Цел на проектот: Откривање на своите традиции и традициите на партнерските земји, создавање нови партнертства, зголемување на меѓусебното почитување, зближување на младите граѓани од Европа, практична примена на ИКТ алатките, подобрување и користење на англискиот јазик, развивање на технолошки вештини и откривање на можностите на веб 2.0. Ученикот да користи соодветни извори за поддршка на учењето, да организира факти и идеи, комбинира идеи и мислења при формирање уникатен, оригинален производ на групата.

ИКТ алатки: аудио конференција, електронска пошта, форум, програма за изработка на презентации, програма за цртање, програма за изработување публикации, алатки веб 2.0.
Педагошка вредност:За време на овој проект учениците ќе научат како: сесобираат, класифицираат, споредуваат информации, да ги споделат своите знаења со други, да комуницираат, да создаваат дигитални ресурси и практично да применуваат ИКТ алатки. Собирајќи информации за традиционалните јадења, учениците ја откриваат својата традиција како и традицијата на своите партнери преку размена на информации. Работат со желба, се забавуваат но ист така и учат многу понезависно и посамостојно. Во соработка со соучениците развиваат соодветни мултимедијални продукти, истражуваат, ја оценуваат точноста, релевантноста на информациските извори, синтетизираат и на тој начин го градат сопственото знаење.

За крај

eTwinning проектите овозможуваат колаборација помеѓу образовните институции од цела Европа, размената на искуства и можност да се создаваат и прилагодуваат нови иновативни методи, пристапи и производи во основното образование.

еTwinning проектите служат и за професионален развој на наставниците. Наставникот е тука за да ги води учениците, да ги поддржува, и да им помага како обезбедувач на ресурси, знаење и мудрост. Предизвик е овие проекти да се инкорпорираат во секојдневните предавања на наставникот и да се дел од наставата.
Во еTwinning проектите учениците креативно размислуваат, решаваат проблеми, носат одлуки. Учениците при изработката на задачите размислуваат поинаку – нивните активности и крајни продукти се достапни за сите заинтересирани од Европската унија и во исто време можат да бидат употреблив ресурс за учење. Учениците се поодговорни за својот сопствен процес на учење, помотивирани и со попозитивен став кон учењето.

Ирина Иванова
проф. по информатика
ОУ“11 Октомври“ - Скопје

<!--[if gte mso 10]>

eTwinning во ОУ “11 Октомври“ Скопје
 
Учењето заедно со друго училиште и други ученици од друга земја е возбудливо само по себе бидејќи се е ново и различно. Со еТвининг, учениците се ставени во реална работна ситуација; со конкретна цел, конкретен предмет, конкретни задачи и „надворешни“ партнери.
ОУ“11 Октомври“-Скопје е вклучено во eTwinning проектите од август 2009 година,  при што се регистрирани 7 наставници и педагошко-психолошката служба со тенденција на зголемување на бројот на наставници. eTwinning проектите во ОУ“11 Октомври“, во почетокот се работеа на часовите по информатика и проекти од информатика (кога се вклопуваа во наставната програма), на додатна настава и на информатичка секција, но полека стануваат дел од наставата и по другите предмети. За овие активности посебно се заинтересирани наставниците кои сакаат да воведат самонасочено и истражувачко учење во (делови од) курикулумот.
Со учениците од 1 до 8 одделение се работи на 17 проекти и тоа:
Culinary journal, Bestseller list, European Languages Day Mini Project, Everyday life of teenagers in Europe, Flags project, From waste to art, I live here...and I love it!, Music is always popular!, My holiday-dream or reality, The Illustrated Dictionary of the European Languages, History and culture of Europe, Math is an art, Behind the name, A snapshot of Europe, Autumn around us, Look at me! I’m ready to answer your expectations!  
 
From waste to art
 
Партнери: Словачка, Турција, Полска, Чешка, Грција
Возраст на учениците: 11-15
Опис: Проект за животната средина - учениците најнапред се запознаваат меѓусебе а потоа учат, дискутираат, собираат информации за отпадоците, ги презентираат новите знаења, разменуваат адреси со веб страници со содржина која е од интерес на овој проект како и пронаоѓаат слики од уметнички дела направени од отпадок. Следен чекор за учениците е создавање  галерија од веќепостоечки уметнички дела од отпадни материјали кои се достапни на интернет со цел да послужат како инспирација за учениците. Во последниот дел (најсложен и највозбудлив) е дизајнирањето и производството на свои уметнички дела изработени од отпаден материјал чии фотографии ќе се најдат во виртуелната галерија.  
Цел на проектот: Да се подобрат способностите на учениците да се изразуваат на англиски јазик, да се подигне нивната свесност за културната разновидност во Европа, да се поттикне креативноста и имагинација кај учениците, да се развиваат ИКТ вештините кај учениците, да се зголеми свеста за животната средина.
ИКТ алатки: аудио конференција, подкастинг, електронска пошта, програма за изработка на презентации, програма за цртање, програма за обработка на слики, веб публицирање, програма за обработка на видео материјали.
Педагошка вредност: Учениците имаат слобода да одберат теми и содржини  и да дискутираат за нив. Тие се носители на одлуките при создавањето на содржината на нивните презентации што им овозможува да се протагонисти на сопственото образование. Соработката во донесувањето одлуки, колаборативното учење и е-учење му даваат активен, забавен и мулти сензорен пристап научењето. Учениците практично ги применуваат научените ИКТ алатки за решавање на проблеми и за  претставување на својата работа. Практичната задача како изработката на сопствено уметничко дело  помага во разбирањето и зајакнувањето на учењето. И учениците и наставниците имаат можност да ги подобрат своите знаења од англикиот јазик.
 
Everyday life of teenagers in Europe
 
Партнери: Романија, Литванија, Германија, Турција, Словенија, Полска
Возраст на учениците:11-15
Опис: Учениците го презентираат секојдневието на својот пријател-ученик од друга земја. За да го направат тоа, учениците и наставниците, секојдневно комуницираат и споделуваат информации за себе, семејството, локалната средина, образовниот систем, слободното време. Истовремено учениците изготвуваат и сопствени истражувања за земјата на нивниот пријател.
Цел на проектот: Воспоставување контакти со европски училишта, развивање на комуникациските способности на учениците и наставниците како и активно користење на англискиот јазик, зголемување на знаењето за животот на тинејџерите од Европа,  примена на ИКТ алатките, развивање пријателство и разбирање меѓу учениците ширум Европа, воочување на сличностите и почитување на разликите помеѓу нивната земја и другите земји од ЕУ.
ИКТ алатки: Skype, MSN, електронска пошта, програма за изработка на презентации, друг софтвер (видео, слики, цртежи)
Педагошка вредност:   Овој проект е пример на добра практика за тоа како да се зголеми мотивацијата кај учениците, особено во поглед на учењето странски јазици. Користењето на ИКТ на учениците и наставниците им овозможува да започнат нови пријателства како и активно да го користат (и подобрат) англискиот јазик при комуникација со врсници од други земји. Учениците имаат шанса да одберат информации за својата и културата на својот “странски“ пријател, да зборуваат за нив, да ги споделат, запишат, споредат и презентираат. Кај учениците се поттикнува чувство на припадност на една поширока заедница (ЕУ), се намалуваат предрасудите, се зголемува взаемното почитување помеѓу учениците и се зголемува  интересот за учење на странски јазици.
 
Culinary journal
 
Партнери: Романија, Полска, Бугарија, Турција
Возраст на учениците: 11-14
Опис: Виртуелна прошетка низ земјите на партнерите со крајна цел – креирање кулинарски весник. Учениците комуницираат меѓу себе и се запознаваат (комуницираат на англиски јазик). На почетокот од проектот учениците ја презентираат својата земја, град и училиште и потоа ги разменуваат своите презентации со своите партнери. По запознавањето следува изработка на презентација за: националните јадења, јадењата кои се готват за Нова Година и Божиќ, традиционални слатки, традиционален леб, сендвичи, велигденски јадења. На крајот учениците креираат кулинарски весник и блог со најинтересните продукти, како и речник на проектот.
Цел на проектот: Откривање на своите традиции и традициите на партнерските земји, создавање нови партнертства, зголемување на меѓусебното почитување, зближување на младите граѓани од Европа, практична примена на ИКТ алатките, подобрување и користење на англискиот јазик, развивање на технолошки вештини и откривање на можностите на веб 2.0. Ученикот да користи соодветни извори за поддршка на учењето, да организира факти и идеи, комбинира идеи и мислења при формирање уникатен, оригинален производ на групата.
ИКТ алатки: аудио конференција, електронска пошта, форум, програма за изработка на презентации, програма за цртање, програма за изработување публикации, алатки веб 2.0.
Педагошка вредност: За време на овој проект учениците ќе научат како: се  собираат, класифицираат, споредуваат  информации, да ги споделат своите знаења со други, да комуницираат, да создаваат дигитални ресурси и практично да применуваат ИКТ алатки. Собирајќи информации за традиционалните јадења, учениците ја откриваат својата традиција како и традицијата на своите партнери преку размена на информации. Работат со желба, се забавуваат но ист така и учат многу понезависно и посамостојно. Во соработка со соучениците развиваат соодветни мултимедијални продукти, истражуваат, ја оценуваат точноста, релевантноста на информациските извори, синтетизираат и на тој начин го градат сопственото знаење.
 
>

Назад